Dzihat Aliju
28 Март 2016•Ажурирај: 29 Март 2016
СКОПЈЕ (AA) - Во Скопје започна петтдневниот семинар на тема "Програма за обука на наставниците за децата со пречки во развојот" организирана од Турската агенција за меѓународна соработка- ТИКА и организацијата Бејаз Ај од Турција, јавува Anadolu Аgency (AA).
Координаторот на ТИКА за Скопје, Теоман Тиријаки во своето обраќање на почетокот на семинарот изјави дека идејата на проектот произлезе како резултат на консултациите со претставниците на Бејаз Ај за време на нивната минатогодишна посета на Скопје. Тириаки додаде дека како резултат на нивните активности решија да го започнат проектот од кој ќе биде дел и испраќање на разни експерти од Македонија во Турција за да може да се обучуваат таму.
Тириаки напомена дека проектот ќе биде реализиран од невладини организации и државни институции во Република Македонија
"Ќе ги посетиме претставниците на државните институции со кои според потреба би сакале да соработуваме во сферите на кои припаѓаат", изјави Тиријаки.
Претставникот на Бејаз Ај, Осман Демирџи изјави дека во Македонија се дојдени претставници од четири различни сектори на организацијата. Тој потсети дека минатата година ја посетија Македонија, додека во фокусот на овогодинешната посета ќе бидат разговорите со наставниците се со цел да се надминат пречките при нивната работа со деца.