Sarp Özer
15 Септември 2020•Ажурирај: 15 Септември 2020
АНКАРА
Министерството за одбрана на Република Турција соопшти дека започнал техничкиот состанок на воените делегации на Турција и Грција, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека состанокот се одржува во седиштето на Северноатлантскиот сојуз (НАТО) и дека на него ќе се разговара за можните начини за разграничување.
Одржувањето технички состаноци меѓу турската и грчката воена делегација е договорено по неодамнешниот разговор на турскиот претседател, Реџеп Таип Ердоган, со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг.
Првиот таков технички состанок на турската и грчката воена делегација е одржан на 10 септември, исто така во седиштето на НАТО.