Yunus Okur
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
ЕРУЗУРУМ (АА)
- Јунус ОКУР
Во акциите насочени против терористите на ЈПГ/ПКК, што припадниците на безбедносните сили во февруари ги организираа во Турција и во странство, неутрализирани се 126 терористи.
Припадниците на Вооружените сили на Република Турција (ТСК), полицијата, жандармеријата и разузнавачките служби (MIT), со поддршка на локалните стражари продолжуваат да ја водат одлучната борба против терористичките организации чија цел е да внесат немир и несигурност.
Безбедносните сили без оглед на многуте потешкотии на терен, вклучувајќи ја и конфигурацијата на тлото и неповолните временски услови, продолжија и во февруари да им задаваат тешки удари на терористите на ЈПГ/ПКК без оглед на тоа дали се наоѓаат во градските средини или на периферијата.

Податоците до кои дојде новинарот на Агенција Анадолија покажуваат дека во копнените и воздушните акции во Турција и во странство, спроведени во февруари, биле неутрализирани 126 терористи.
Притоа, од слобода се лишени 487 лица, од кои 80 се задржани во притвор. Во тек е процесуирањето на останатите.
До 27 февруари 2021 година на припадниците на безбедносните сили им се предадоа 31 член на терористичката организација ПКК/КЏК.
Продолжени се и операциите „Ерен“, што во јануари ги започна Министерството за внатрешни работи, а кои го добија називот по Ерен Булбул, кој терористите го усмртија на 11 август 2017 година.
Во тие рамки, во февруари се започнати операции во Битлис, Сирт, Тунџели, Хатај, Османије, Газиантеп, Хакќари и Ширнак.
Припадниците на безбедносните сили продолжуваат да го пребаруваат теренот во Источна и Југоисточна Анадолија и да трагаат по терористите.
Терористот Ибрахим Сенѓул, под кодното име „Бедретин Бедирхан“, задолжен за т.н. подрачје Аманос, за кој има црвена потерница, е неутрализиран на 3 февруари.
Сенѓул се товари за вмешаност во неколку терористички чинови извршени од 1997 до 2004 година, извршени на подрачјето на областа Хатај, во кои загинаа и се ранети цивили и припадници на безбедносните сили.
Терористот се товарел и за вмешаност во многу грабежи, палења на возила, уништувања на имот, киднапирања и закани.
Исто така во акцијата на МИТ, на 10 февруари на подрачјето Синџар во Ирак е фатен Ибрахим Парим, т.н. член за логистика на терористите на ПКК/КЏК, и е префрлен во Турција.