Göksel Yıldırım
03 Март 2021•Ажурирај: 04 Март 2021
АНКАРА (АА) - ЃОКСЕЛ ЈИЛДИРИМ
Турската одбранбена индустрија ја произведе напредната верзија на оклопното возило „Кобра II“, што се смета за оклопно возило отпорно на минско-експлозивни направи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Станува збор за нова верзија на оклопното возило со погон на сите четири тркала, што веќе осум години го произведува турската компанија „Отокар“, и се користи во 15 држави.
Новиот модел од семејството „Кобра“ се одликува со поголема носивост, поголем внатрешен волумен и поголема способност за маневрирање, а сето тоа му овозможува носење различни оружја од платформите за извршување и најпредизвикувачки воени задачи.
Оклопното возило „Кобра“ претходно го освои вниманието на меѓународниот пазар, а новиот модел само ја потврди успешноста на турските експерти во развојот на модерни воени возила.
Последниот модел „Кобра II“ има интегрирана заштита од мински средства и балистички проектили (MRAP), а ниското тежиште на заштитниот под додатно му ги унапредува способностите за маневрирање на тешки теренски и климатски услови.
Оклопното возило „Кобра II“ од претходните и слични воени возила се издвојува со дизајнерското решение кое му дава значително помала силуета, односно го прави потешко уочливо на терен.