Турција

ОН испратија 30 камиони со хуманитарна помош во северозападна Сирија

- Хуманитарната помош ќе им биде поделена на луѓето во Идлиб и во блиските рурални подрачја, каде што веќе со години живеат во многу тешки услови

Ahmet Gençtürk  | 03.03.2021 - Обновена : 04.03.2021
ОН испратија 30 камиони со хуманитарна помош во северозападна Сирија Фото: Архива / АА

ХАТАЈ 

Обединетите нации (ОН) денес испратија 30 камиони со хуманитарна помош преку Турција во северозападна Сирија, регион каде што на милиони лица им е потребна хуманитарна помош поради граѓанската војна, јавува Агенција Анадолија (АА).

Камионите поминаа преку граничниот премин „Џилвеѓозу“ во турската јужна област Хатај, за да влезат во сириската област Идлиб.

Надлежните потврдија дека хуманитарната помош ќе им биде поделена на луѓето во Идлиб и во блиските рурални подрачја, каде што веќе со години живеат во многу тешки услови.

Сирија е заробена во жестока граѓанска војна уште од почетокот на 2011 година, кога режимот на Башар ал Асад презеде мерки со неочекувана свирепост кон продемократските протести.

Според податоците на ОН, стотици илјади луѓе оттогаш се убиени, а повеќе од 10 милиони се раселени.

Идлиб спаѓа во деескалационата зона според договорот од 2018 година склучен меѓу Турција и Русија. Подрачјето беше предмет на повеќе спогодби за прекин на огнот, кои често беа прекршувани од страна на режимот на Асад и неговите сојузници.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.