Lale Bildirici Büyükkarakaya
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Турска хуманитарна фондација ИХХ во 2021 година изгради 100 објекти во повеќе области во Азија, Африка и Блискиот Исток, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Хуманитарната фондација ИХХ минатата година изгради 35 џамии, 10 училишта за светиот Куран, 16 училишта, 31 засолништа, два центри за стручна обука и три здравствени центри“, се вели во соопштението на фондацијата со седиште во Истанбул.
Фондацијата ИХХ, исто така, реновира 24 објекти изградени во изминатите години, заедно со инспекции и поправки на 600 бунари за вода и уште 75 објекта.
„Тие проекти се реализирани во Бангладеш, Буркина Фасо, Палестина (Газа), Ирак, Либерија, Либан, Мали, Непал, Нигер, Тајланд, Сиера Леоне, Сомалија, Шри Ланка, Судан и Сирија“, се вели во соопштението.
„Работата на 51 проект во 16 земји е во тек, заедно со проектите за куќички од бетонски блокови во различни делови на Сирија“, се додава во ова соопштение.