Firdevs Bulut
18 Февруари 2020•Ажурирај: 19 Февруари 2020
ДИЈАРБАКИР (АА) - Уште едно семејство во Турција се сретна со својот син, по речиси шест месеци протестирање пред седиштето на Народната демократска партија (HDP), политичка партија која се товари за поврзаност со терористичката организација ЈПГ/ПКК, јавува Агенција Анадолија (АА).
Турските безбедносни сили вчера на родителите на момчето, за кое се тврди дека било киднапирано од терористите на ЈПГ/ПКК пред шест години, им кажаа дека нивниот син се предал на полицијата.
Таткото на момчето во емотивната средба му рече на својот син да верува во турската правда.
Досега, осум семејства, чии деца беа киднапирани од страна на терористичката организација ПКК, се сретнаа повторно со своите ќерки и синови.
Протестите што се одржуваат пред седиштето на Народната демократска партија (HDP) во Дијарбакир, југоисточна Турција, траат веќе 169 дена.
ПКК е сепаратистичка организација којашто се наоѓа на списокот терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). За време на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.