свет

Русија и Турција го завршија вториот круг преговори за Идлиб

Втората точка на агендата вклучува мерки што може да се преземат во Идлиб за да се обезбеди целосна имплементација на договорите постигнати според Меморандумот во Сочи

Elena Teslova  | 18.02.2020 - Обновена : 18.02.2020
Русија и Турција го завршија вториот круг преговори за Идлиб

МОСКВА (АА) - Вториот круг на турско-руските преговори, со цел да се олесни затегнатата состојба во Идлиб, заврши денеска во Москва, јавува Агенција Анадолија (АА).

Руската делегација предводена од претседателскиот претставник за Сирија, Сергеј Вершинин и турската делегација предводена од заменик-министерот за надворешни работи, Седат Онал, за време на дводневните преговори зад затворени врати во Москва, се обидоа да пронајдат решение за последното избувнување на насилството во деескалациската зона во Идлиб.

Освен дипломатите, претставниците на воените и разузнавачките служби исто така присуствуваа на консултациите.

По преговорите не беше дадена официјална изјава.

Според дипломатски извори, турската делегација нагласи дека е потребен брз прекин на судирите и спречување на понатамошно влошување на хуманитарната ситуација во регионот.

Втората точка на агендата вклучува мерки што може да се преземат во Идлиб за да се обезбеди целосна имплементација на договорите постигнати според Меморандумот во Сочи.

Во септември 2018 година Турција и Русија се согласија да го претворат Идлиб во деескалациска зона во која актите на агресија се строго забранети.

Но, оттогаш, повеќе од 1.800 цивили се убиени во нападите на режимот и руските сили.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın