Mehmet Tosun
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
АНКАРА - Претседателот на Турција, Реџеп Таип Еродган, ја честиташе годишнината на Денот на независноста на Северна Македонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Претседателот Ердоган, на својот профил на социјалната мрежа Твитер напиша: „Ја честитам годишнината од Денот на независноста на Република Северна Македонија, со која имаме историски братски односи. Посакувам мир и просперитет за луѓето во Северна Македонија.“