Furkan Abdula
08 Септември 2021•Ажурирај: 09 Септември 2021
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, упати честитки по повод 8 Септември - Денот на независноста на Северна Македонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
- Претседателот на турскиот Парламент, Шентоп, со честитка по повод Денот на независноста на Северна Македонија
Чавушоглу на својот твитер-профил објави честитка на македонски и на турски јазик по овој повод.
„Нека Ви е честит Денот на независноста“, напиша Чавушоглу на македонски јазик.
„Во духот на нашето пријателство и сојузништво, упатувам честитки до мојот пријател Бујар Османи и до сите наши пријатели во Република Северна Македонија по повод 30-годишнината од Денот на независноста“, додаде шефот на турската дипломатија, Чавушоглу.