Rifat Yerlikaya
17 Февруари 2020•Ажурирај: 18 Февруари 2020
КОЊА (АА) - Во рамките на операцијата против припадниците на терористичката организација ФЕТО на поширокото подрачје на 11 турски градови е издаден налог за приведување на 16 војници и службеници на Турските вооружени сили (ТСК), меѓу кои 12 војници во активна служба, јавува Агенција Анадолија (АА).
Единиците на турската полиција извршија претреси на повеќе локации, а во утринските часови од слобода се лишени 7 од вкупно 16 барани осомничени лица.
По останатите лица се трага.
ФЕТО е терористичка организација предводена од Фетула Ѓулен, кој живее во Соединетите Американски Држави (САД), за кого Турција официјално побара испорачување од САД.
Припадниците на таа терористичка организација, со години, преку местење на испитите напредуваа во службата, инфилтрирајќи се на тој начин во институциите на државата. Потоа, најпрвин во декември 2013 година, припадниците на ФЕТО во турското правосудство со монтиран процес за наводна корупција се обидоа да процесуираат голем број високи функционери.
Неколку години подоцна следуваше и крвав обид за соборување на избраната власт, односно обид за државен удар што го изведоа офицерите кои ФЕТО ги инфилтрираше во турската војска.
Истрагата за терористичката организација ФЕТО покажа дека станува збор за глобална мрежа којашто не претставува опасност само за Турција, туку и за секоја друга земја во која е активна. На тоа во повеќе наврати укажуваа турските официјални лица. Во текот на обидот за државен удар во Турција животот го загубија 251, а беа повредени околу 2.200 лица.