Турција

Турција одбележува 68 години од членството во НАТО

„Денеска гордо ја одбележуваме 68-годишнината на пристапувањето на Турција во НАТО. Во текот на 68 години, нашата земја ги штитеше границите на НАТО и ги поддржуваше вредностите и принципите на Алијансата“

Muhammet Emin Avundukluoğlu  | 18.02.2020 - Обновена : 19.02.2020
Турција одбележува 68 години од членството во НАТО

АНКАРА (АА) - Шефот на турската делегација во Парламентарното собрание на НАТО, Осман Ашкин Бак, на денешното одбележување на 68 години од членството на Турција во НАТО истакна дека Анкара ќе продолжи да работи со своите сојузници во единство и солидарност, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Денеска гордо ја одбележуваме 68-годишнината на пристапувањето на Турција во НАТО. Во текот на 68 години, нашата земја ги штитеше границите на НАТО и ги поддржуваше вредностите и принципите на Алијансата“, напиша Бак на Твитер.

Турција, која се придружи на воената Алијанса меѓу 29 северноамерикански и европски земји во 1952 година, може да се пофали дека има втора по големина армија меѓу земјите членки, по САД.

Турското Министерство за надворешни работи истакна дека Турција се наоѓа „меѓу сојузниците кои дале најголем придонес во НАТО“.

„Од 1952 година преземаме важни одговорности во операциите и мисиите на НАТО“, се вели во соопштението.

Турција придава најголема важност на улогата на НАТО во одржувањето на безбедноста и стабилноста во евроатлантската област.

Формирана во 1949 година, НАТО ја гарантира слободата и безбедноста на своите членки преку политички и воени средства.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.