Riyaz Khaliq Khaliq
09 Февруари 2022•Ажурирај: 11 Февруари 2022
ИСТАНБУЛ (АА) - Јапонската принцеза Јоко, која е заразена со Ковид-19, е хоспитализирана поради пневмонија, јавува Агенција Анадолија (АА).
Властите од Токио соопштија дека 38-годишната принцеза Јоко е првиот член на царското семејство кој е заразен со Ковид-19.
Принцезата прво е лекувана во Царската палата, но по лекарските прегледи е префрлена во Универзитетската болница во Токио.
Јоко е ќерка на покојниот принц Томохито и внука на поранешниот цар Акихито.
Акихито се повлече од тронот во 2020 година, со што стана првиот цар кој самоволно абдицирал.
Принцезата Јоко е шеф на „Јуаи Јуџикаи“, корпорација за социјална заштита со седиште во Токио. Таа, исто така, раководи со јапонската непрофитна организација која им помага на луѓето со оштетен слух.
Јапонија минува низ интензивен шести бран на пандемијата на Ковид-19. Досега, 34 од 47 префектури се под зајакнати ограничувања за да се запре ширењето на вирусот.
Јапонија има околу 126 милиони жители, а од почетокот на пандемијата, во земјата се потврдени 3,4 милиони случаи на Ковид-19 и 19.587 смртни случаи како последица на вирусот.