Sibel Morrow
24 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
АНКАРА (АА) - Турските власти досега немаат пријавено случај на коронавирус од скринингот на патници од Кина на аеродромите, потврди денеска турскиот министер за здравство, Фахретин Коџа, јавува Агенција Анадолија (АА).
Поради појавата на смртоносниот вирус, кој првпат беше регистриран во Вухан, главниот град на централната кинеска покраина Хубеи, врз патниците се врши скрининг со термални камери на повеќе аеродроми во светот.
Турција, исто така, со термални камери започна контрола на аеродромите врз патниците кои пристигнуваат од Кина.
На прес-конференција, министерот Коџа потврди дека камерите се инсталирани на сите аеродроми.
„Досега не се детектирани сомнителни случаи“, додаде Коџа.
Термалните камери се системи кои ја покажуваат телесната температура над 38 степени.
Инаку, вирусот во првата фаза предизвикува висока температура, кашлање и останување без здив, додека во подоцнежните фази предизвикува пневмонија, откажување на бубрезите и смрт.