Mustafa Deveci
09 Февруари 2022•Ажурирај: 10 Февруари 2022
АНКАРА
Министерот за надворешни работи на Турција, Мевлут Чавушоглу, во Анкара се сретна со специјалниот пратеник на Обединетите нации за Сирија, Гир Педерсен, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во врска со средбата, Чавушоглу на својот профил на Твитер напиша: „Со специјалниот претставник на генералниот секретар на ОН за Сирија разговаравме за последните случувања во врска со процесот на Уставниот комитет во Сирија.“
Најважната алка во потрагата по политичко решение за ставање крај на хаосот во Сирија се состаноците на сирискиот Уставен комитет.
Воведните состаноци, кои започнаа на 30 октомври 2019 година со учество на 150 члена, завршија на 1 ноември 2019 година.
Одборот на Сирискиот уставен комитет од 45 лица, наречен „Мала група“, го одржа шестиот круг разговори во Канцеларијата на ОН во Женева во октомври 2021 година.
По шестата рунда состаноци, Педерсен го изрази своето „големо разочарување“ и за првпат го обвини режимот на Асад. Сѐ уште не се знае кога ќе се одржи седмата рунда средби.