Ali Murat Alhas
23 Јануари 2020•Ажурирај: 24 Јануари 2020
ПЕКИНГ (АА) - Бројката на починати лица како последица на новиот респираторен вирус во Кина се искачи на 17, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Здравствените власти потврдија дека инфицирани се стотици други лица“, според утринскиот весник „Саут Чајна“ („South China“).
Поради појавата на коронавирусот, Светската здравствена организација ќе одржи итен состанок во Женева денес.
Кинеските официјални претставници потврдија дека вирусот се пренесува од човек на човек.
Потврдено е дека од вирусот во земјата инфицирани се вкупно 541 лице.
Фаталниот вирус прво се појави минатиот месец во градот Вухан, главниот град на централната кинеска покраина Хубеи.
Вирусот се прошири во поголемите градови, меѓу кои и во главниот град Пекинг, Шангај, Чонгкинг, Гуангџоу и Шенџен, покрај во другите помали градови, каде што беа откриени 166 вакви случаи.
Јапонија, Тајланд, Јужна Кореја и САД потврдија случаи на инфицирани од вирусот, додека Австралија испитува едно лице за тоа.
Северна Кореја привремено ги затвори своите граници со Кина, како мерка на претпазливост од вирусот.