свет

Пакистан тестираше балистичка ракета во услови на тековните тензии со Индија

Именувана по авганистанскиот крал од 11 век, ракетата може да носи повеќе видови боеви глави до далечина од 290 километри

Ekipa  | 23.01.2020 - Обновена : 24.01.2020
Пакистан тестираше балистичка ракета во услови на тековните тензии со Индија Фото: АА/Архива

КАРАЧИ (АА) - Пакистанската Армија денес соопшти дека е извршено успешно тестирање на балистичката ракета „Газнави“, пренесува Агенција Анадолија (АА).

„Именувана по авганистанскиот крал од 11 век, ракетата може да носи повеќе видови боеви глави до далечина од 290 километри“, се вели во соопштението на Службата за односи со јавноста на Армијата.

Се додава дека тестирањето е дел од воената вежба за обука на трупите за борба.

„Претседателот Ариф Алви, премиерот Имран Кан и тројцата началници упатија честитки до нацијата за ова значајно достигнување“, се вели во соопштението.

Свежото разгорување при веќе зголемените тензии меѓу двата ривала што поседуваат нуклеарно оружје беше предизвикано од укинувањето на долгогодишниот статус на Џаму и Кашмир од страна на Индија, во август минатата година.

Индија и Пакистан држат делови на Кашмир и тврдат дека имаат право врз него во целина. Кина, исто така, контролира дел од спорниот регион. Индија и Пакистан водеа две војни поради Кашмир.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.