Gökhan Ergöçün
24 Ноември 2026•Ажурирано: 24 Ноември 2026
Во Марсинел, Белгија, денес се отвори најголемиот капацитет за производство на сателити во Европа, а кралот Филип ја пушти во употреба новата Мегафабрика на „Аероспејслаб“, јавува Анадолу.
Според белгискиот кралски двор, погонот зафаќа површина од 20.000 квадратни метри и има производствен капацитет од 500 сателити годишно, што го прави најголем од ваков вид во Европа и трет по големина во светот.
Овој капацитет има цел да ја зајакне европската вселенска автономија преку учество во производството на 264 сателити за „ИРИС2“ – идната мрежа на Европската Унија за безбедни сателитски комуникации.
Од кралскиот двор наведоа дека овој проект е дел од поширок договор, чија вредност се проценува на 2,4 милијарди евра.
По обраќањето на извршниот директор на „Аероспејслаб“, Беноа Депер, кралот Филип официјално го отвори објектот и ги разгледа неговите капацитети, вклучително и просторијата за деконтаминација и единиците за сателитска технологија.
Кралската посета заврши во оперативната сала, каде што беше одржана презентација за сателитите што моментално се наоѓаат во орбитата.