свет

Сирија: Во режимските и руските напади во Идлиб за два дена загинаа 39 цивили

Опозициската опсерваторија тврди дека руските бомбардери од синоќа извршиле напади на подрачјата што припаѓаат на Идлиб и Алепо

Eşref Musa, Mehmet Burak Karacaoğlu  | 23.01.2020 - Обновена : 24.01.2020
Сирија: Во режимските и руските напади во Идлиб за два дена загинаа 39 цивили

ИДЛИБ (АА) - Во нападите што режимските и руските сили од синоќа ги извршија врз зоната за деескалација на судирите во Идлиб, Сирија, загинаа осум цивили, односно вкупно 39 во последните два дена, јавува Агенција Анадолија (АА).

Опозициската опсерваторија тврди дека руските бомбардери од синоќа извршиле напади на подрачјата што припаѓаат на Идлиб и Алепо.

Членовите на Цивилната заштита (Бели шлемови) тврдат дека тројца цивили, членови на едно семејство, меѓу кои се две деца и една жена, биле убиени во нападот на Ернебе. Пет цивили загинаа во Серакиб.

Со тоа бројот на загинати во нападите извршени во последните два дена е зголемен на 39.

Истовремено, поради нападот на силите лојални на режимот на сирискиот претседател, Башар ал Асад, и неговите руски и проирански сојузници, цивилите од деескалациската зона на Идлиб мигрираат во места недалеку од сириско-турската граница.

Од подрачјата на јужниот и југоисточниот дел на Идлиб и јужниот и западниот дел на Алепо од ноември 2019 година побегнале околу 450.000 цивили.

Со посредство на Турција, Русија и Иран, во текот на мајските преговори во 2017 година во Астана, Идлиб е прогласен за зона на деескалација. Во Сочи во 2018 година постигнат е дополнителен договор за примирје во Идлиб и за воспоставување деескалациона зона.

Во согласност со договорот, опозициските сили во октомври го повлекоа тешкото вооружување од регионот, а силите лојални на режимот на Асад не ги стопираа артилериските и воздушните напади во тој регион.

Од потпишувањето на тој договор, во нападите на силите на Асад и неговите сојузници во Идлиб во изминатата година се раселени над 1,3 милион луѓе. Во нападите се убиени најмалку 1.600 цивили.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın