свет

Над 800.000 деца низ светот умираат од пневмонија

„Секој ден, речиси 2.200 деца на возраст под пет години умираат од пневмонија, излечлива и главно превентивна болест...“

Ekipa  | 12.11.2019 - Обновена : 13.11.2019
Над 800.000 деца низ светот умираат од пневмонија

АНКАРА (АА) - Фондот за деца на Обединетите нации (УНИЦЕФ) соопшти дека пневмонијата минатата година ги одзела животите на повеќе од 800.000 деца на возраст под пет години, односно едно дете на секои 39 секунди, пренесува Anadolu Agency (AA).

„Секој ден, речиси 2.200 деца на возраст под пет години умираат од пневмонија, излечлива и главно превентивна болест. Силната глобална посветеност и зголемените инвестиции се клучни за борбата против оваа болест“, рече Хенриета Фор, извршната директор на УНИЦЕФ, се вели во извештајот објавен вчера.

„Пневмонијата е предизвикана од бактерија, вируси или габи, при што децата се борат за здив додека нивните бели дробови се исполнети со гној и течност“, соопштува УНИЦЕФ.

„Само пет земји се одговорни за повеќе од половина од смртните случаи од пневмонија кај децата: Нигерија (162.000), Индија (127.000), Пакистан (58.000), Демократска Република Конго (40.000) и Етиопија (32.000)“, се вели во извештајот.

„Повеќето од смртните случаи кај децата се случиле на возраст под две години, додека околу 153.000 од децата починале во текот на нивниот прв месец“, се вели во извештајот.

„Болеста може да се спречи со вакцини и лесно да се третира со антибиотици со ниска цена доколку е правилно дијагностицирана“, се додава во извештајот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın