Ekipa
10 јули 2019•Ажурирај: 11 јули 2019
ГАЗА (АА) - Израел во првата половина од оваа година уби 16 деца во Појасот Газа, кој со години е под израелска блокада, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според извештајот објавен од Центарот за човекови права „Ел-Мизан“, Израел во првата половина од оваа година убил 16, а повредил 1.223 деца.
Во извештајот се истакнува дека поголемиот дел од децата се убиени и повредени во текот на масовните демонстрации насловени „Големиот марш за враќање“ и дека во истиот тој период 17 деца биле притворени од израелските сили.
„Израелските сили систематски ги прекршуваат човековите права во Појасот Газа“, се вели во извештајот и се додава дека во првата половина на 2019 година е зголемен бројот на убиени и повредени деца.
Во извештајот се истакнува дека од конфликтите најмногу се погодени децата и дека тоа е одраз на неможноста на меѓународната заедница да ги исполни своите морални и законски обврски кон цивилите што живеат на палестинските територии, особено во окупираниот Појас Газа.