Davut Çolak
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
КОПЕНХАГЕН (АА) – Соединетите Американски Држави (САД) побараа од Данска да испрати војници во Сирија и да ја обучува ПЈД/ЈПГ, која е сириски огранок на терористичката организација ПКК, пренесува Anadolu Agency (AA).
Во веста на еден од реномираните весници на Данска, „Политикен“ („Politiken“), се истакнува дека САД побарале од Данска да испрати војници во Сирија и да ја обучува ПЈД/ЈПГ.
Се наведува дека барањето на САД било разгледано од Комисијата за надворешна политика на данскиот Парламент и дека новата Влада во Данска, која дојде на власт минатиот месец, ја очекува тежок процес бидејќи треба да направи избор меѓу Турција и САД.
Во веста, исто така, се нагласува дека Министерството за одбрана и Министерството за надворешни работи на Данска се воздржале од коментар во однос на ова прашање и дека не е дадена ниту една информација за тоа како Данска ќе одговори на барањето на САД.
„Социјалдемократската партија во Данска формираше малцинска влада, која е поддржана од Социјалистичката народна партија и Црвено-зеленaта коалиција на Данска, кои спроведуваат умерена политика кон ПЈД/ЈПГ“, пишува во веста на данскиот „Политикен“ („Politiken“).