Beyza Binnur Dönmez
10 Јули 2019•Ажурирај: 11 Јули 2019
АНКАРА (АА) - Соединетите Американски Држави (САД) сакаат да создадат меѓународна воена коалиција за да ги обезбедат премините околу Персискиот Залив и Јемен, поради нападите на двата танкери во јуни за кои го обвинуваат Иран, јавува Anadolu Agency (AA).
„Сега се ангажираме со голем број земји за да видиме дали можеме да оформиме коалиција со која ќе се обезбеди слобода на пловидбата низ Хормушкиот Теснец и Баб ал-Мандеб“, изјави за новинарите денес началникот на Генералштабот на Војската на Соединетите Американски Држави (САД), Џозеф Данфорд.
Данфорд истакна дека САД во следните неколку недели планираат да утврдат кои нации имаат „политичка волја“ за поддршка на оваа иницијатива, додавајќи дека „ќе работат директно со војските за да ги идентификуваат специфичните способности“.
Тој рече дека придружба треба да биде обезбедена од земјите членки на коалицијата што летаат со истото знаме со бродот на кој му е потребна заштита, додека САД ќе го обезбеди главниот надзор и разузнавачките податоци за координација во текот на патролте и за координацијата помеѓу бродовите.
Во јуни, тензиите меѓу САД и Иран ескалираше откако два танкери за нафта беа нападнати во Хормушкиот Теснец. САД го сметаа Иран за одговорен за нападите и го обвинија за уништување на навигациските уреди во водите, а Иран ги негираше двете обвиненија.
Неколку дена подоцна, Иран собори американско беспилотно летало, тврдејќи дека го прекршило иранскиот воздушен простор. САД тврдат дека беспилотното летало било над меѓународните води.
Односите меѓу двете земји станаа потензични од 2018 година, кога САД еднострано се повлекоа од Договорот за нуклеарна програма потпишан со Иран во 2015 година, и покрај противењето на глобално ниво.