Gorana Jakovljevic
03 Ноември 2024•Ажурирај: 04 Ноември 2024
ГАЗА (АА) - Бројни Палестинци, меѓу кои и има и голем број деца, кои се борат со гладта поради ембаргото што Израел го воведе врз Појасот Газа, секојдневно стојат во редици за храна што ја дистрибуираат хуманитарните организации, известува Анадолу.
Додека израелските напади врз Појасот Газа продолжуваат со несмалено темпо во градот Газа, луѓето со садови во рацете чекаа да добијат топла храна.
Прекршувајќи ја резолуцијата на Советот за безбедност на ОН која повикува на итен прекин на огнот, Израел ја продолжи својата брутална офанзива против Појасот Газа од 7 октомври 2023 година.
Оттогаш, во израелските бомбардирања и гранатирања се убиени повеќе од 43.300 палестинци, главно жени и деца, а повеќе од 102.000 се повредени, информираат локалните здравствени власти.
Израелските напади го раселеа речиси целото население на територијата за време на континуираната блокада што доведе до сериозен недостиг на храна, чиста вода и лекови.
Израел е обвинет за геноцид пред Меѓународниот суд на правдата.