АНКАРА (АА) - Во вторникот мајка покрена протест пред канцеларијата на Народната демократска партија (HDP) во Дијарбакир, обвинувајќи ја за киднапирање на нејзиниот малолетен син и регрутирање во терористичката органзација ПКК, пишува Anadolu Agency (AA).
Февзије Четинкаја рече дека нејзиниот 17-годишен син често одел во локалната канцеларија на ХДП и вети дека нема да прекине со протестот додека тој не се врати.
Протестот на Четинкаја следуваше веднаш по сличнот протест на Хаџире Акар, на 22 август, во близина на канцеларијата на ХДП во Дијарбакир.
Протестот на Акар заврши со успех затоа што нејзиниот син Мехмед беше донесен два дена подоцна. Нејзината одлучност стана извор на инспирација за многу други.
Во јуни 2018 година, мајка на 17-годишен син кој ја напушти Турција истата година за да се придружи во редовите на терористите на ЈПГ/ПКК во северна Сирија го повика нејзиниот син да се предаде на безбедносните сили.
„Засолни се во државата, тоа не наштетува никому“, изјави мајката, идентификувана како Ајшеѓул Б.
„Пролевањето крв на својот роднина е грев, нели знаевте? Турските војници се наши“, изјави таа и подоцна се придружи на протестот на Четинкаја за да ѝ помогне.
Муфиде Ергормус, мајка на шест деца, се наоѓа меѓу оние на кои терористичката ПКК им се заканила, којашто зазеде став против принудното регрутирање во терористичката организација.
Кога го прашувала нејзиниот син зошто понекогаш не одел на училиште, тој ѝ велел дека ПКК го принудила да учествува во немирите.
Мајката, која се спротистави на терористичката организација за да си го врати својот син, доби закана за својот живот.
„Само сакам да си ги спасам децата. Не можам да отидам никаде поради страв дека ќе ги загубам моите деца. Сите треба да го слушнат мојот глас“, изјави таа за новинарите.
Во септември 2015 година, граѓаните на Дијарбакир се соочија со беспоштедни напади на терористичката организација врз цивилите и регрутирањето на децата.
На протестите против терористичката организација кои започнаа со група од девет мајки се придружија уште повеќе луѓе. Во меѓувреме, населението во Мардин во демонстрациите против ПКК ги кренаа своите турски знамиња и извикуваа „Доволно е!“.
Во февруари оваа година, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган ја критикуваше поврзаноста на администрацијата на ХДП со терористичката организација ПКК.
„ХДП е еднаква на ПКК“, изјави тој за време на телевизиско интервју, додавајќи дека партиската администрација не ги негирала ваквите тврдења.
На 19 август тројца градоначалници од партијта ХДП, кои работат во градовите Дијарбакир, Ван и Мардин, беа разрешени од страна на Министерството за внатрешни работи поради поддршка на тероризмот. Беа обвинети за користење на државните фондови и локалната администрација во корист на терористичката организација.
Безбедносни извори за АА кон крајот на минатата година изјавија дека терористичката организација ПКК која била очајна поради антитерористичката кампања на Турција, започнала да регрутира малолетни момчиња и девојчиња. ПКК, тогаш, имаше во своите редови над 679 „деца терористи“.
Уште во 2014 година, терористичката организација регрутираше над 300 деца, но благодарение на успешната антитерористичка кампања на турската држава, оваа бројка се намали на 47 до 2019 година.
Терористичката ПКК водеше терористичка кампања против Турција од 15 август 1984 година, кога го организираше својот прв чин на тероризам во југоисточната област Сирт.
Сепак, технолошкото унапредување на турската армија и безброј операции нанесоа тежок удар на ПКК во последните години, бидејќи илјадници нејзини припадници беа неутрализирани со воздушни напади или копнени операции.
Министерот за внатрешни работи, Сулејман Сојлу, во јули објави дека има само 600 терористи на ПКК кои талкаат по планините во источна Турција и дека претстојните операции дополнително ќе ја искоренат терористичката организација.
Освен воените методи, турските безбедносни сили го користат и методот на убедување со кој припадниците на терористичката организација се натерани да го положат оружјето и да му го предадат на безбедносните сили.
Според базата на податоци на Министерството за внатрешни работи, вкупно 408 терористи на ПКК се предале од 2017 година. Овие поранешни терористи се обезбедени со многу подобар животен стандард и се целосно заштитени од турската држава.
- Извештај на ОН -
Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, во соопштение до Советот за безбедност на ОН изјави дека терористичката организација ЈПГ/ПКК регрутирала 313 деца и ги користела училиштата за воени цели.
Според годишниот извештај „Деца во вооружен конфликт“, речиси 40 отсто од регрутираните деца од страна на терористичката организација биле девојчиња, а 20 од нив биле на возраст под 15 години.
Извештајот вели дека тие деца добиле воена обука и дека 119 девојчиња учествувале во борби.
Извештајот на ОН открива дека ЈПГ/ПКК користела 24 училишта и болници како места за обука и 14 училишта како магацини за муниција.
Годишниот извештај на ОН беше изготвен на барање на Советот за безбедност на ООН.
Додатните протоколи во 1977 година од Женевската конвенција од 1949 година забранува воено регрутирање или користење деца на возраст под 15 години.
„Децата кои немаат наполнето 15 години не треба ниту да бидат регрутирани во вооружените сили или групи ниту пак да учествуваат во непријателски активности“, се вели во Додатниот протокол II 1977.
ПКК е сепаратистичка терористичка организација, која се наоѓа на листата терористички организации на Турција, Европската Унија (ЕУ) и Соединетите Американски Држави (САД). Во текот на тридецениската терористичка кампања против Турција, терористите на ПКК убија најмалку 40.000 луѓе.