Muhammed Boztepe
05 Септември 2019•Ажурирај: 07 Септември 2019
АНКАРА (АА) - Турските сили преку воздушни операции неутрализираа тројца терористи на ПКК во северниот дел на Ирак, пренесува Anadolu Agency (AA).
Според соопштението на Министерството за национална одбрана на Турција, во рамките на операцијата „Канџа“, реализирани се воздушни операции во подрачјата на Авашин-Басјан и Синат-Хафтанин, кои се наоѓаат во северниот дел на Ирак.
Соопштено е дека во рамки на овие операции неутрализирани се тројца терористи на сеператистичката терористичка организација ПКК.
Во својата над 30-годишна терористичка кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата терористички организации во Турција, Соединетите Американски Држави (САД) и Европската Унија (ЕУ), одговорна е за смртта на околу 40.000 луѓе, меѓу кои и жени и деца.