Eşref Musa
25 Март 2024•Ажурирај: 27 Март 2024
ТЕЛ АБЈАД (АА) - Терористичката организација ПКК/ЈПГ киднапира 15-годишно девојче во покраината Алепо во Сирија за да ја регрутира во своите вооружени редови, соопштија денес локални извори, јавува Анадолу.
Ф.А.И. е киднапирана од терористите во областа Аин ал Араб, која е под окупација на ПКК/ЈПГ, изјави за Анадолу, Редор ал Ахмед, портпарол на опозициската Независна курдска група Рабита.
„На децата киднапирани од терористичката организација не им е дозволено да комуницираат со своите родители“, рече тој.
Терористичката организација обично ги носи киднапираните или приведените деца во терористичките кампови на вооружена обука.
Терористичката организација киднапираше и 14-годишно девојче од областа Мунбич во Алепо на 10 март регрутирајќи го во своите вооружени редови.
Користењето деца како вооружени борци е строго забрането според меѓународното хуманитарно право и се дефинира како воено злосторство од страна на Меѓународниот кривичен суд.
ЈПГ/ПКК регрутирала повеќе од 1.200 деца во 2022 година, според извештајот на Обединетите нации.
Во својата над 35-годишна терористичка кампања против Туркије, ПКК, којашто е ставена на листата на терористички организации од страна на Туркије, Соединетите Американски Држави и Европската Унија, е одговорна за смртта на над 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени. ЈПГ е сириски огранок на ПКК.