Ahmet Bayram
05 Септември 2019•Ажурирај: 06 Септември 2019
МАНИСА
Во рамки на археолошките ископувања кои се изведуваат во античкиот град Тјатеира во подрачјето на турскиот град Акхисар во областа Маниса, откриен е храм за кој се смета дека датира од хеленистичкиот и римскиот период, пренесува Anadolu Agency (AA).
Општина Акхисар издаде соопштението во кое се наведува дека под водство на општината, пред 8 години започнале археолошки ископувања во античкиот град Тјатеира.
Во соопштението се вели дека при ископувањата е откриен храм кој датира од хеленистичкиот и римскиот период. Храмот имал правоаголна основа и бил изграден на површина од 500 метри квадратни.
Покрај тоа, при ископувањата во храмот се откриени траги на јонската архитектура, а пронајдени се и остатоци од гробови.