свет

Скокови во реката Тибар, новогодишна традиција во Италија стара 80 години

Со неизоставниот аплауз на присутните на историскиот мост Кавур, група скокачи го продолжуваат ова 80-годишно наследство - скокови од речиси 18 метри височина во ледените води на реката Тибар

Elena Trenchevska Chekovic  | 01.01.2026 - Обновена : 01.01.2026
Скокови во реката Тибар, новогодишна традиција во Италија стара 80 години

РИМ (АА) - Во Рим, главниот град на Италија, традицијата „Tuffo nel Tevere“ (Нурнете во Тибар), која трае од 1946 година, продолжи и оваа година со изведување на скокови, јавува Анадолу.

Со неизоставниот аплауз на присутните на историскиот мост Кавур, група скокачи го продолжуваат ова 80-годишно наследство - скокови од речиси 18 метри височина во ледените води на реката Тибар.

Во спомен на Рик Де Сонеј, Белгиецот кој ја започна традицијата, гестот на скокачите со давање знак „ОК“ кон публиката по излегувањето од водата и оваа година ја збогати новогодишната атмосфера.

На овогодинешниот настан за прв пат двајца туристи ги придружуваа професионалните скокачи, глетка што беше дочекана со интерес од жителите на Рим.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.