Elena Trenchevska Chekovic
25 Октомври 2025•Ажурирај: 26 Октомври 2025
СКОПЈЕ (АА) - Полицијата синоќа се судри со демонстрантите кои во Рим, главниот град на Италија, излегоа на протест за поддршка на Палестина и се обидоа да маршираат низ градот, јавува Анадолу.
Безбедносните сили употребија палки и водни топови за да ја растераат толпата додека тензиите се зголемуваа за време на собирот.
Првата фаза од договорот на Трамп за прекин на огнот во Газа од 20 точки беше постигната на 10 октомври.
Првата фаза вклучува ослободување на израелски заложници во замена за палестински затвореници. Планот, исто така, предвидува обнова на Газа и воспоставување нов управувачки механизам без Хамас.
Од октомври 2023 година, во израелската геноцидна војна во Газа убиени се речиси 68.300 Палестинци, а повеќе од 170.300 се повредени, според Министерството за здравство на Газа.