Barış Seçkin, ?????
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
БРИСЕЛ / РИМ / БАГДАД (АА) - Високиот комесар на Европската унија за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини и членот на Европската комисија и комесар за проширување, Јоханес Хан, во заедничкото соопштение најостро го осудија денешниот терористички напад во Истанбул, јавува Anadolu Agency (АА).
Истакнувајќи дека Република Турција повторно беше цел на терористите, Могерини и Хан испратија порака на поддршка и сочувство до Турција и на семејствата на загинатите во нападот.
"ЕУ и Турција се против секаков вид на тероризам. Тоа е прифатено како еден од приоритетите на самитот на лидерите на ЕУ и Турција на 29 ноември минатата година", се вели во соопштението.
Челникот на Советот на Европа, Доналд Туск, исто така, најостро го осуди терористичкиот напад во Истанбул.
Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, остро го осуди нападот во туристичкиот центар на Истанбул и испрати порака со сочувство.
"Ваквите терористички акти никогаш не може да се оправдаат. Сите сојузници од НАТО се посветени на заедничка борба против тероризмот", изјави Столтенберг.
Италијанскиот премиер Матео Ренци нападот го оцени како "многу болен и ужасен" порачувајќи дека владата и народот на Италија се со Турција и со нејзиниот народ во овие тешки времиња.
Шефот на италијанската дипломатија Паоло Џентилони во телефонски разговор со неговиот турски колега, Мевлут Чавусоглу изрази сочувство за загинатите во нападот кој се случи утринава, порачувајќи им дека Италија и Турција сè уште поодлучни да ја продолжат војната против тероризмот.
Терористичкиот напад во Истанбул во кој загинаа 10 лица, а 15 беа повредени, е осуден од страна на Министерството за надворешни работи на Ирак.
"Ирак го осудува терористичкиот напад чија цел беа турски туристи и странци во Истанбул.
ДАЕШ и другите терористички организации сакаат со таков суров закануваат на стабилноста и безбедноста на земјите и народите во регионот.
Денешниот напад е неуспешен обид за дестабилизирање на регионалната стабилност ", изјави портпаролот на Министерството за надворешни работи на Иран, Ахмад Џамал.
Најмалку 10 лица загинаа, а 15 се повредени во терористичкиот напад во Истанбул кој се случи денеска. Ова беше самоубиствен бомбашки напад извршен од страна на бомбаш самоубиец по потекло од Сирија.