Gamze Türkoğlu Oğuz
12 Јануари 2016•Ажурирај: 14 Јануари 2016
АНКАРА (АА) - Претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека неговата земја претходно му одобрила азил на Едвард Сноуден од ЦИА, а дека истото нешто би било многу полесно да се направи за Асад, пренесува Anadolu Agency (AA).
Рускиот претседател во интервју за германскиот весник "Bild" изјави дека неговата земја не сака по завршувањето на војната во Сирија да дојде до повторување на случувањата слични на оние во Либија и Ирак.
Тој истакна дека либиското сценарио е можно и во Египет, во случај претседателот на Египет Абдулфетах Ес-Сиси одговорно и храбро не ги стави работите под контрола.
На прашањето дали сирискиот претседател Башар ал-Асад го гледа како сојузник, Путин одговори: "Знаете тоа е единствено чувствително прашање. Сметам дека претседателот Асад во врска со сириското прашање направи многу грешки".
Рускиот претседател смета дека граѓанската војна во Сирија не би ги добила овие димензии да не беше поддршката во пари, оружје и војници однадвор.
На прашањето на новинарите дали Русија на Асад ќе му даде политички азил во случај тој да изгуби на изборите кои треба во иднина да се одржат во Сирија, одговори: "Сметам дека се уште е рано да се разговара за тоа. Ние му одобривме азил на поранешниот вработен на ЦИА, Едвард Сноуден, а тоа беше многу потешко да се стори отколку за Асад."
Путин понатаму ја нагласува важноста на фактот дека во Сирија треба биде избрана власт според волјата на народот и додава дека доколку тој процес се води во демократски рамки нема да биде потребно Асад да ја напушта државата.
"Не е важно дали Асад ќе продолжи да биде претседател на земјата или не", смета Путин.
Во врска со руското бомбардирање на сириските градови во кои страдаат бројни цивили, Путин ги обвини меѓународните медиуми тврдејќи дека не се објективни.