Kasım İleri
12 Јануари 2016•Ажурирај: 13 Јануари 2016
ВАШИНГТОН (АА) - Во воздушен напад на меѓународната коалиција предводена од САД е уништен магацин каде што припадниците на терористичката организација ДАЕШ чувале пари во износ од милиони долари, јавува Anadolu Agency (АА).
Неименуван претставник не прецизираше точната сума на пари во магацинот во Мосул, а CNN потврди дека две бомби од 900 килограми го погодија магацинот, уништувајќи готовина во износ од "милиони долари".
Нападот се случил вчера, а според Пентагон во негосе убиени пет до седум цивили.
Официјален претставник на САД открива дека горенаведеното складиште било два пати мета на коалицијата во 2015 година, но дека вчерашните напади се најголеми досега.