Davit Kachkachishvili
26 Октомври 2022•Ажурирај: 27 Октомври 2022
ДНЕПАР (АА) - Најмалку двајца цивили ги загубија животите, а тројца се повредени во синоќешниот напад на руските сили на украинскиот град Днепар, известува Агенција Анадолија (АА).
Руските сили гранатираа бензинска пумпа во Днепар, при што се уништени објектот на бензинската пумпа, околната инфраструктура и возилата паркирани во близина на бензинската.
Во соопштението на Министерството за внатрешни работи на Украина се наведува дека во рускиот напад на Днепар загинале трудница и работник на бензинската пумпа.
Во нападот на бензинската има и тројца повредени, од кои едно лице е во критична состојба.