Gülbin Yıldırım
26 Ноември 2015•Ажурирај: 27 Ноември 2015
ВАШИНГТОН (АА) - САД во средата најави нови санкции против 10 сириски поединци и субјекти, вклучувајќи ги и посредниците во работата кои учествуваат во олеснување на продажбата на нафтата на ДАЕШ на сириската влада, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Министерството за финансии рекоа дека сирискиот бизнисмен Џорџ Хесвани го олеснува снабдувањето со нафта на Дамаск преку компанијата HESCO која тој ја контролира.
„HESCO е сириска инженерска и градежна компанија која раководи со капацитети за призводство на енергија во Сирија, наводно во области контролирани од страна на ДАЕШ“, се наведува во соопштението од министерството.
ЕУ претходно го санкционираше Џорџ Хесвани во март. Тој и неговата компанија беа санкционирани од страна на Министерството за финансии на САД во средата.
Министерството воведе економски казни на тројца индивидуалци и пет субјекти како одговор на насилството на сириската влада против своите граѓани.
Тие го вклучуваат и Мудалал Хури, кој „има долга поврзаност со Асадовиот режим и ги преставува бизнис и финансиските интереси на режимот на Асад во Русија“, и Кирсан Јимжинов, руски бизнисмен и поранешен претседател на светската Шаховска Федерација кој соработува со Хури.
Бизнисменот ја поседува Руската Финансиска Алијансна банка која исто така беше погодена од санкциите.
„Сириската влада е одговорна за раширената бруталност и насилство против својот народ“, рече Адам Зубин, заменик подсекретар за Трероризам и финаниско разузнавање. „ САД ќе продолжи да ги следи финансиите на сите оние кои му помагаат на Асад да продолжи со нанесување штета на сирискиот народ“.
Новата тура санкции е насочена и кон индивидуалци и субјекти поврзани со Хури.