????? ????
25 Ноември 2015•Ажурирај: 26 Ноември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Министерот за економија Беким Незири, денеска се изјасни за забраната за увоз на земјоделски производи од Република Албанија, за која порано Министерството за земјоделство рече дека забраната е поради анализите на квалитетот за производите кои се увезуваат од Република Албанија, јавува Anadolu Agency (AA).
“Во вторник се слушнав со министерот за економија на Албанија, Арбен Ахметај, кој побара од мене да не ги кршиме правилата на ЦЕФТА. После ова побарав од Министерството за земјоделство,од премиерот и од заменик премиерот за финансии да ги почитуваме правилата на ЦЕФТА и после разговорите, камионите беа пуштени да влезат во нашата територија” , рече Незири.
Тој објасни дека на следниот состанок на Владата ќе побара измени во внатрешниот правилник на Министерството за земјоделство со кои производите увезени во Република Македонија, ќе бидат пратени во ладилници а потоа да се причекаат резултатите за да не се прекршат правилата на ЦЕФТА.
Незири не очекува реципрочни мерки од страна на Албанија.