Andrew Jay Rosenbaum
19 Ноември 2015•Ажурирај: 22 Ноември 2015
ИСТАНБУЛ (АА) - Пазарите во развој мора да создадат важечки законски услови, „еднакви правила на игра“, за да добијат пристап до исламското финансирање на меѓународно ниво, изјави Anadolu Agency, Замир Икбал, шеф на Глобалниот Исламски Финансиски Центар за развој на Светската банка.
Говорејќи на Г20 форумот за исламско финансирање во Истанбул, Икбал рече:
„Исламското финансирање ги користи техниките на хартии од вредност. Ова значи дека е потребна добра средина за структурирани финансии.“
Хартии од вредност, или структурирано финансирање, е процес на преземање на средства кои даваат приход и се користат за да се создаде сигурност. Во исламското финансирање, сите хартии од вредност се поврзани со средствата за производство на приход. Икбал посочи дека пазарите во развој треба да имаат соодветен закон за хартии од вредност пред да може да се објават на меѓународните пазари на хартии од вредност – поточно, законските услови мора да бидат добри за домашниот пазар.
„Можно е пазарите во развој да ги искористат другите земји за меѓународно издавање, дури и кога домашни правни услови не постојат. Но тоа обезбедува само ограничен пристап на пазарот; создавање на услови дома е подобро пред обидите за работа надвор од матичната земја“, изјави Икбал.
„Ви треба закон за пренос на сопственоста на средствата на специјално возило за таа намена (компанија создадена со единствена цел за одржување на средства). Ова треба да создаде еднакви правила на игра, што значи дека даночните услови за овој процес да бидат фер. „Некои од пазарите во развој сè уште не го направиле ова; и покрај тоа што е лесно за реализација“, изјави Икбал.
„Меѓународните инвестирори ќе бараат правилни законски услови кај исламското финансирање, без осврт на теолошките негови аспекти.
Правните услови со кои раководи ќе се многу битни за нив.“