Zülfiya Yakup
12 Мај 2016•Ажурирај: 13 Мај 2016
ПРИШТИНА (АА) - Косовскиот министер за инфраструктура, Љутфи Жарку, денеска го прими министерот за економија на Република Македонија, Дритон Кучи, при што го запозна со достигнувањата во сферата на инфраструктурата во земјата, пренесува Anadolu Agency (AA).
Како што е наведено во соопштението од Кабинетот на министерот Жарку, министрите со посебен акцент разговарале за македонскиот дел на автопатот меѓу Косово и Македонија, според нив, со проектот ќе се олесни движењето на луѓе и стоки меѓу двете земји, а се разговарало и за билатерални договори за транспорт меѓу Косово и Македонија.
За време на средбата, министерот Кучи нагласи дека одличната соработка со Косово и понатаму ќе продолжи, врз основа на билатерални договори за спроведување на мерки за олеснување на трговската размена и зголемување на бројот на туристи во двете земји.