САРАЕВО (AA) –Веруваме дека Босна и Херцеговина може да стане главна база за производство, за целни европски пазари, како и дека може да послужи како база за кинески инвестиции. Поради тоа сметаме дека има простор за соработка на Турција, Кина и целиот Балкан, изјави заменикот на турскиот премиер Мехмет Шимшек, на отворањето на седмата меѓународна инвестициска конференција- Сараево Бизнис Форум (СБФ)- Перспективите на Кина+16 CEEC, јавува Anadolu Agency (AA).
Шимшек истакна дека турција има силни и длабоки врски со Босна и Херцеговина, како и дека стабилоста е приоритет, како во БиХ, така и во регионот на Балканот во целина и многу важен приоритет за Турција.
Рече дека светот минува низ тежок период како и дека на целиот свет му е потребна поголеа соработка, интеграција и отвореност и дека во тој поглед ваквата меѓународна конференција е многу важна.
„На целиот свет денес му требаат далеку повеќе структурни реформи, отвореност и регионални интеграции. Затоа сметам дека ЕУ не би требала да го запре процесот на проширување. Целиот Балкан, вклучувајќи ја и Турција, треба да биде вклучен, бидејќи тоа е во интерес на целото еворпско семејство", порача заменикот на турскиот премиер Мехмет Шимшек и додаде:
„Нашата трговска размена со ЕУ изнесува 16,5 милијарди долари, а само пола милион со Босна и Херцеговина. Така, тоа ширење има голем потенцијал.Веруваме дека БиХ може да стане главна база за производство, за целни европски пазари, како и дека може да послужи како база за кинески инвестиции. Поради тоа сметаме дека има простор за соработка на Турција, Кина и целиот Балкан".
Заменикот на турскиот премиер порача дека неговата земја ќе продолжи да пружа поддршка во сите области во кои е можен просперитет и раст на БиХ.
Овогодинешниот СБФ збогатен е со соработка со бизнис форумот на Кина+16 земјите од Средна и Југоисточна Европа.
СБФ, чиј што глобален медиумски партнер е Anadolu Agency (AA), претставува платформа за регионална соработка и заедничко претставување на потенциојалот на регионот на Југоисточна Европа на влијателните бизнис и политички лидери од целиот свет. Учесниците и панелистите во текот на двата дена од СБФ ќе разменат искуства и перспективи за шест теми во рамките на регионот: земјоделството, енергијата, инфраструктурата и градежништвото, туризмот и едукацијата, како и перспективите за соработка со Кина и Дубаи.
news_share_descriptionsubscription_contact
