Halit Süleyman
09 Јануари 2016•Ажурирај: 10 Јануари 2016
ИДЛИБ (АА) - Најмалку 47 лица смртно страдаа а стотици се повредени во воздушни напади на руските воени авиони на подрачјето Марет ен-Нумана во сирискиот град Идлиб јавува Anadolu Agency (AA).
Нападите се изведени на подрачјето кое се наоѓа под контрола на сириските сили.
Според информациите на функционерите на некои невладини организации во Сирија, руските авиони го нападнаа пазарот, населените подрачја како и еден затвор.
Загинаа 47 лица, повеќето цивили, а причинета е голема материјална штета. Мртвите и повредените се извлечени под урнатините.