АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу, во врска со последните руски напади во Сирија во кои загинаа цивили рече дека не се човечки, ниту пак човечката совест може да ги поднесе, јавува Anadolu Agency (AA).
Чавушоглу потсети на нападите кои во четвртокот се случија во Источна Гута во Сирија. Тогаш загинаа повеќе од 30 лица меѓу кои и осум деца.
Во нападот на две болници вчера во сирискиот Азаз загинаа шест, а повредени беа десет лица. Министерот рече дека некои од нив се донесени во болниците во Килис, во Турција.
Турскиот министер додаде дека дознал и за нападот на џамијата за време на петочната молитва во Алепо, во кој загинаа пет а беа повредени десет лица.
Чавушоглу рече дека жали поради продолжувањето на руските напади врз цивили во Сирија.
"Остро ги осудуваме руските напади кои се изведуваат речиси секој ден и во кои страдаат цивили" , рече Чавушоглу и додаде дека Амнести Интернешнал (АИ) наведе податоци за страдањата на цивилите во руските напади кои меѓународната заедница не би требало да ги занемари.
Чавушоглу потсети дека на 18 декември, Советот за безбедност на Обединетите нации едногласно ја усвои резолуцијата со која се поддржува мапата за мировниот процес во Сирија. Но, како што вели, руските напади по 20 декември се поинтензивни.
Министерот Чавушоглу изрази желба секој одговорен член на меѓународната заедница да ја забележи ситуацијата која се случува во Сирија и да каже "стоп" на нападите не само за доброто на Сиријците туку и за доброто на целиот регион.
Кон крајот на септември оваа година, руските авиони започнаа со бомбардирање на повеќе сириски градови. Иако Русија тврди дека мета на нивните напади се положбите на терористичката организација ДАЕШ, често, жртви на овие напади се сириските цивили. Исто така, во текот на овие напади се уништуваат воените стожери како и центрите за обука на сириската опозиција кои се наоѓаат во Хомс, Хама, Идлиб и Алепо.
news_share_descriptionsubscription_contact
