Barış Seçkin
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
РИМ (АА) - Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека договорот помеѓу Турција и Израел е исклучително важен чекор за нормализирање на билатералните односи и дека ќе има позитивни реперкусии врз економиите на двете земји, јавува Anadolu Agency (AA).
Нетанјаху престојува во официјална посета на Италија, а ова утро во Рим во резиденцијата на американската амбасада „Вила Таверни” се состана со американскиот државен секретар Џон Кери.
По средбата Нетанјаху рече дека со Кери разговарале за регионални и глобални прашања, и во таа пригода даде свој коментар за вчера постигнатиот договор помеѓу делегациите на Израел и Турција во Рим и истакна дека ова е важен чекор кон нормализирање на билатералните односи меѓу двете земји.
И шефот на американската дипломатија Кери изјави дека и САД се исклучително задоволни од договорот помеѓу Израел и Турција, додавајќи дека таквиот чекор бил и желба на официјален Вашингтон.
По средбата со Кери, Нетанјаху пристигна во седиштето на италијанската влада на средба со премиерот на Италија, Матео Ренци.