Onur Usta
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Францускиот претседател, Франсоа Оланд, во Париз се сретна со претседателот на Советот на Европската унија, Доналд Туск, јавува Anadolu Agency (AA).
На средбата која се одржа во Елисејската палата и беше затворена за медиумите, претседателот на Советот на ЕУ учествуваше заедно со својата делегација.
Од извори на Претседателството се дознава дека на средбата станало збор за резултатот од референдумот во Велика Британија и нејзиното излегување од Европската унија.