Onur Usta
27 Јуни 2016•Ажурирај: 28 Јуни 2016
ПАРИЗ (АА) - Од париска продавница на луксузни часовници украдени се два сефа со часовници во вредност од три милиони евра, јавува Anadolu Agency (AA).
Продавницата се наоѓа во близина на Елисејската палата во Париз.
Како што се наведува во соопштението на полициската управа во Париз, часовниците биле украдени синоќа. На тоа подрачје се наоѓаат продавници на многу престижни брендови кои се мамка за крадците.
Покрената е истрага за оваа кражба.