Ivana Ramadanova
15 Декември 2015•Ажурирај: 16 Декември 2015
СКОПЈЕ АА - Амбасадата на Франција во Скопје, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Канцеларијата на УНДП и Здружението „Go Green - Биди зелен“ организира дебатна средба во врска со резултатите од Париската конференција - СОР21, јавува Anadolu Agency (AA).
Според Доминик Готје, вршител на должност во Француската амбасада, голем успех за Франција е тоа што сите заедно успавме да постигнеме обврзувачки договор , односно договор околу кој се сложија 195 земји.
"Навистина за мојата земја претсатвуваше вистински предизвик да се организира таков настан на кој што присуствуваа голем број на шефови на држави, а допатуваа и голем број делегации за постигнување на цели кои што се различни во земјите. Исто така беа воспоставени механизми за да се постигне основната цел а тоа е намалување за два степени на глобалното затоплување или можеби за 1,5 степени ако навистина ни сведочат објавените резултати. Преговорите беа интензивни и секој го даде својот придонес. Иако разговорите и преговорите траеа долго, сепак успеавме да постигнеме договор. Ни претстои многу работа која што беше договорена во текот на самата конференција, искрено се надевам дека државите ќе го исполнат ветеното односно ќе ги спроведат обврските што ги презедоа на таа конференција", изјави Готје.
"Она на што повикува договорот се неколкуте точки. Прво е дека ќе има задолжително пет годишно ревидирање, на националните цели за редуцирање на стакленички гасови од сите држави во светот, второ е тоа што прв пат во историјата во Меѓународните преговори се внесе бројка од зголемување од 1,5 степени целзиусови до крајот на векот споредено со прединдустрискиот период, трето е тоа што во самата преамбула на договоротстои дека истиот претставува придонес кон одржлувиот ниско јаглероден раст на сите држави во светот, четврто е тоа што се дозволува пик на емисиите на концентрациите на стакленичките гасови до одреден период кој што потоа мора да се намали, што значи полека напуштање на ерата на фосилните горива и како петоо е финансирањето", рече Теодора Обрадовиќ Грнчаровска од Министерството за животно планирање.
По две седмици преговори, во саботата во Париз претставниците на 195 држави го донесоа обврзувачкиот рамковен климатски договор на Обединетите нации, со кој се утврдува по 2020 година обемот на емисиите на стакленичките гасови и мерките за спречување на климатските промени, кој се смета за договор без преседан по неколкуте години напорни преговори. Ова е првпат во историјата да се постигне обврзувачки договор со цел да се спречи загревањето на планетата.