Admir Fazlagikj
15 Декември 2015•Ажурирај: 17 Декември 2015
СКОПЈЕ (АА) - Вечерва е осветлена новогодишната елка во центарот на Скопје, која е поставена на плоштадот Македонија меѓу споменикот „Воин на коњ“ и Триумфалната капија, јавува Anadolu Agency (AA).
Елката е висока 18 метри, а украсена е со светлосни и други декоративни елементи. Учествуваше хорот ос 100 средношколци од средните училишта на Град Скопје кои ги забавуваа присутните пеејќи новогодишни песни.
Новогодишната елка традиционално се поставува во последниот месец од годината, кога започнува предновогодишната атмосфера.