Admir Fazlagic
30 Јануари 2018•Ажурирај: 31 Јануари 2018
СКОПЈЕ (АА) - Во музејот на Градот Скопје вечерва беше отворена изложбата „Москва денес“ во организација на Градот Скопје и Амбасадата на Руската Федерација, јавува Anadolu Agency (AA).
Изложбата „Москва Денес“ се базира врз основа на официјалните фотоматеријали доставени од Град Москва, го отсликува современиот урбанистички изглед на руската престолнина.
На неа се претставени реновирани знаменитости по кои што е позната Москва низ светот, уникатни архитектурни и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години, како и можностите за развој на туризмот, спортот, образованието и културата што ги нуди еден од најголемите градови на земјата.

Во рамките на отворањето на изложбата се обрати амбасадорот на Руската Федерација во Скопје Олег Шчербак кој изрази благодарност до Музејот на Градот Скопје и управата на Град Скопје кои помогнаа да се организира оваа изложба на фотографии која е интересна и посветена на Мосвка.
„Денеска Москва е една од најголемите светските метрополи, град со повеќе од 12 милиони луѓе кој поседува огромен потенцијал во бизнисот, науката, образованието, културниот и општествениот живот", рече Шчербак.
Тој истакна дека во 2016 година Москва ја посетија 17,5 милиони туристи, што, како што рече е 1,5 пати повеќе од 2010 година.
Амбасадорот Шчербак додаде дека во јуни и јули ќе се одржи Светско фудбалско првенство, и информираше дека арената Лужники која специјално беше модернизирана доби прва награда од Меѓународна асоцијација на архитекти. Тој ги покани сите граѓани да ја посетат Москва и да уживаат во овој спортски празник. Денешнито развој од корист за развој на соработката од интерес на Москва и Скопје и нивните граѓани.

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов рече дека изложбата „Москва денес" подготвена од Амбасадата на Руска федерација е добра основа за унапредување на односите помеѓу Москва и Скопје.
„Знаменитостите, уникатните архитектонски и инфраструктурни проекти изградени во Москва во последните неколку години што имаме можност да ги видиме денес се одличен пример како една светска метропола успева да се грижи за зачувување на прекрасниот автентничен изглед одржуван со векови и модернизација на градот наметната од глобалниот технолошко – иднустриски напредок", рече Шилегов.
Тој изрази надеж дека изложбата ќе придонесе во унапредувањето на соработката помеѓу Скопје и Москва.
Изложбата „Москва Денес“ се одржува во рамки на одбележувањето 24 години од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Руската Федерација и Република Македонија и е во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Македонија и руската државна агенција Россотрудничество со поддршка на Град Скопје и Музејот на Град Скопје.