Bekim Laci
22 Јануари 2016•Ажурирај: 23 Јануари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Градот Скопје стана првата локална самоуправа во Република Македонија што набави патнички автомобил на електричен погон (електромобил) за потребите на градската администрација, јавува Anadolu Agency (AA).
Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, рече дека оваа набавка на електромобил возилото од страна на Град Скопје ја потврдува својата заложба за имплементација на нови технологии и движења без емисија на штетни гасови, за почиста и поздрава животна средина како и намалување на трошоците за одржување.
"Ова возило има моќност на моторот од 80 киловати и батерија од 24 kWh. Со обичен приклучок возилото се полни за околу 10 часа, а со посебен приклучок – за околу 4 часа. Целосното полнење на батеријата (на евтина струја) чини 67 денари, со која автомобилот поминува 190 километри", рече Трајановски.
За набавка на овој електричен автомобил Градот Скопје потроши околу 1,8 милиони денари, изјави Трајаноски, истакнувајќи дека во Градот Скопје во последниве години интензивно работел на промовирање на електромобилноста во градот, во прилог на што претходно набавил 5 електроскутери и 5 електрични велосипеди за потребите на градската администрација.