Bekim Laci
03 Февруари 2016•Ажурирај: 06 Февруари 2016
СКОПЈЕ (АА) - Македонскиот главен град Скопје од 19 февруари ќе биде домаќин на ексклузивен настан во областа на визуелната уметност. На граѓаните и на љубителите на уметноста ќе им бидат претставени делата на еден од најпознатите сликари во историјата на оваа уметност, Пабло Пикасо, на изложбата организирана од Младинскиот културен центар и галерија Висконти од Љубљана, јавува Anadolu Agency (AA).
Министерката за култура на Република Македонија, Елизабета Милевска Камчевска, откривајќи детали за изложбата во прашање, рече дека делата вклучуваат спектар на четириесет дела на Пикасо, кои истовремено претставуваat ексклузивна листа на 46 дела на светски познатиот автор.
"Оваа ексклузивна збирка на 46 дела која е поделена во три мапи – Двојна флејта, Фауна и флора од Антиб и Цртежите на Пикасо, всушност ќе ни ги долови врвното мајсторство и богатството на формата на Пикасо, неговото суштинско познавање на човечката анатомија, особено на женскиот акт, неговите креации кои според многумина може да се споредат со незапирливи експлозии од вулканска лава. Пикасо има создадено обемен графички опус, кој можеби нема конкурент меѓу уметниците од 20 век и во таа смисла, навистина радува можноста да се видат овие негови ретко достапни дела", рече министерката Канческа-Милевска.
"Уверена сум дека и оваа изложба, оваа збирка која е во сопственост на галеријата „Висконти“ од Љубљана, Република Словенија, ќе биде богато визуелно задоволство за уметничката фела, но и за македонската јавност која има навистина константна потреба за задоволување на своите уметнички апетити" , потенцираше министерката.
Директорот на Младинскиот културен центар, Златко Стевковски соопшти дека галеријата на МКЦ од 19 февруари до 16 март, до кога ќе биде поставена изложбата на дела од Пикасо, ќе работи секој ден од 9-21 часот и влезот ќе биде бесплатен.