Hajer M'tırı,Onur Usta
16 Март 2016•Ажурирај: 16 Март 2016
ПАРИЗ (AA) - Со посебна изложба во рамките на Неделата на модата во Париз се одбележува 57-от роденден на најпродаваната кукла на светот "Барби" која ја креираше Рут Хандлер во Њујорк, јавува Anadolu Agency (AA).
Во галеријата на Музејот на декоративна уметност во Париз отворена е изложбата на која се претставени сите 700 модели на популарната "Бабрика" кои се произведени од 1959 година до денес.
Изложените "Бабрики" облечени се во креациите на познатите брендови Шанел, Диор, Маисон Маргиела и Џереми Скот.
Барбиката во изминатите речиси шест децении беше најпродавана играчка на светот, а различни модели на таа кукла досега пријавени се 27 различни нијанси на боите на тенот, 22 бои на очите и 27 различни фризури. Куклите се правени во ликовите на Мариа Антонета, во ликот на докторка, деловна жена, пејачка, ветеринарка, спортистка и други занимања.
Кустосот на изложбата Ан Мониер за АА рече дека оваа постапка го симболизира празникот на популарната играчка која ја сакаат сите деца на светот, како и на специфичен начин на возрасните да им укаже за сите историски и социолошки промени низ кои минала таа кукла.
"Барбиката е играчка но воедно е и културен феномен. Таа на почетокот го креираше и одразуваше начинот на животот во САД. Подоцна се прилагодуваше на глобалните текови и стана симбол на времето" , рече Мониер.
Во разговор за АА, 72- годишниот Британец Ричард рече дека дојде да ја види одлично организираната изложба на "Барбики" кои се важен дел од историјата на човештвото.
Модната дизајнерка Хеил Лидов (20) истакна дека растела собирајќи кукли и дека нејзиниот моден опус е карактеристичен по розевата боја, што е влијание токму на таа кукла.
Колекционарката Мариан (61) тврди дека во својата колекција има повеќе од 200 "Барбики" и дека старите модели на таа кукла многу повеќе ѝ се допаѓаат од новите.
Изложбата во Париз ќе биде отворена за посетителите до 18-ти септември.